Швајцарскиот банкарски гигант УБС одлучи да дозволи дури две третини од своите работници да работат трајно во хибридниот модел.

Причината е желбата УБС да биде што е можно поконкурентна со американските банки, кои зазедоа многу поостар став.

Потегот на банката го води извршниот директор Ралф Хамерс. Банката исто така се обврза да им обезбеди на персоналот флексибилност на хибриден аранжман за работа заснована на улоги и локации, рече лице од банката.

Внатрешна анализа на банката покажува дека две третини од нејзината работна сила била на работни места погодни за хибридна работа, додека некои улоги, како што се трговци и персонал во филијали, ќе мора да работат од филијали на банката, рече изворот. Датум за нивното враќање во канцелариите не е утврден, изјавија добро информирани извори за Блумберг.

Потегот на УБС поставува силен контраст помеѓу швајцарскиот заемодавател и многу негови американски ривали. Голдман Сакс Груп побараа скоро сите американски работници да се пријават на своите работни места, JPMorgan Chase & Co. бара од повеќето американски работници да започнат редовни враќања во канцеларии на 6 јули, додека извршниот директор на Морган Стенли, Џејмс Горман „испука“ предупредувачки куршум: „Ако можете да одите во ресторани во Њујорк, можете да дојдете и во канцеларија. Ве сакаме во канцеларија “.