Почитувани читатели на БанкоМетар.мк

Согласно последната анкета која БанкоМетар.мк ја спроведе претходниот месец и според гласовите на банкарските клиенти од Македонија; Банка на Годината според гласовите на македонските клиенти за 2019 година е УНИ Банка со освоени 290 гласови или 30% од гласовите. 

Тимот на БанкоМетар.мк им го честита овој успех на УНИ Банка !

Редоследот на освоените гласови, согласно анкетата за сите банки во Македонија е следниот:

  • УНИ Банка
    290 гласови 30%
  • Комерцијална Банка
    179 гласови 18%
  • НЛБ
    107 гласови 11%
  • ТТК Банка
    91 гласај 9%
  • Халк Банка
    89 гласови 9%
  • Стопанска Банка – Скопје
    69 гласови 7%
  • ЦКБ
    45 гласови 5%
  • Охридска Банка
    27 гласови 3%
  • Силк Роуд Банка
    19 гласови 2%
  • Капитал Банка
    13 гласови 1%
  • Шпаркасе Банка
    13 гласови 1%
  • Стопанска Банка – Битола
    13 гласови 1%
  • Еуростандард Банка
    10 гласови 1%
  • Прокредит Банка
    10 гласови 1%
Вкупно гласови: 975
Минатата година победник според гласањето беше Халк Банка , оваа година најголем број гласови имаше УНИ Банка.  Оттука можеме да забележиме дека македонскиот банкарски клиент ги претпочита пофлексибилните, поуслужливите и банките со генерален осврт кон клиентот. Големините на активите и бројот на експозитури, бројот на вработени или старото реноме нема влијание на новата генерација банкарски клиенти. Согласно новите трендови во банкарството и финтекот, денешната модерна банка е онаа која на најдобар начин ги артикулира потребите на клиентите, на начин кој истите го сметаат за љубезен и коректен кон нив.