(Време за читање 7 минути)

Одкако се појави биткоинот како прва успешна криптовалута,  голем број на нови крипто валути почнаа да се појавуваат на сцената. Овие монети обично се познати како ‘’алт монети ‘’ (алтернативни монети). Сите овие монети следеа по успехот на биткоин . Во моментов има повеќе од 1200 монети во светот. Многу од нив се безвредни и најверојатно нема да траат долго.

Секоја крипто валута решава посебен проблем и тие може да се поделат во една од трите категории. Некои криптовалиту може да припаѓаат во повеќе од една категорија.

 

 

 

Да ги погледнеме трите различни категории :

  1. Трансакциска

Ова е најпознатата категорија за криптовалутите. Овие криптовалути седизајнирани  да се користат како пари и за размена на стоки и услуги, како и за трансакција на други крипто валути. Биткоин и Лајткоин се 2-те водечки валути. Овие валути се наменети да ги елиминираат владините валути и еден ден да ги заменат обичните валути. Владата на Сингапур ја тестира оваа идеја.

  1. Платформа

Овие крипто валути се дизајнирани да ги елиминираат посредниците, да создаваат пазари, па дури и да исфрлаат во употреба нови криптовалути. Најдобар  пример претставува етериумот. Етериумот е  децентрализирана платформа која се користи за управување со паметни договори. Многу од новите крипто валути го користат блокчејнот етериум.

  1. Алатка(корисни)

Овoј тип на криптовалути се дизајнирани за одредена задача. Рипл е одличен пример за корисни криптовалути . Рипл е дизајниран за да го олесни трансферот на пари на економиски и високо ефикасен начин. Рипл се користи од страна на повеќе банки и институции како што се:  УБС, Сантандер, БМО и Американ експрес.

Ова се трите основни категории за тоа како криптовалутите се поделени.

Сега да ги погледнеме 5-те криптовалути на пазарот кои најмногу ветувват:

–           Биткоин

–           Етериум

–           Лајткоин

–           Монеро

–           Рипл

 

  • Биткоин

Биткоин  претставува првата измислена криптовалута и таа сè уште останува најбарана валута до денес. Биткоин е пионер во блокчејн технологијата,со што ги направи можни дигиталните пари  и се смета за дигитално злато. Биткоин е првата децентрализирана мрежна- мрежа на врсници, насочена кон корисниците , без централна власт или посредник и без непотребни трошоци. Вредноста на Биткоинот низ годините неверојатно варира, почнувајќи од нула па се до 20.000 $. Постојат само 21 милион биткоинин за копање, а последниот биткоин ќе биде ископан  во 2140 година. Благодарение на неговата блокчејн технологија, имате целосна контрола врз вашите пари и трансакции, без вклучување на било која трета страна како банка или Пејпал. Биткоин трансакциите не можат да се променат. Затоа треба да бидете претпазливи и да соработувате само со доверливи партнери.

  • Етериум

Етериум е втората најпопуларна валута после биткоин. Таа е создадена од страна на Виталик Бутерин од Канада, роден во Белорусија. Оваа дигитална валута започна во 2015 година и се предвидува дека ќе го надмине биткоинот во иднина. Цената на етериум во моментов изнесува  880 $. Етериум е сличен на биткоин, но различен. Исто како и биткоинот, етериумот има свој блокчејн.

Главната разлика помеѓу двете валути е тоа што биткоин блокчејнот се фокусира на следење на сопственоста на дигиталната валута додека етериум  блокчејнот се фокусира на водењето на програмскиот код или мрежата. Наместо да се гради целосно оригинален блокчејн за секоја нова апликација, етериум овозможува развој на илјадници различни апликации во една платформа. Рударите во етериум блокчејнот работат за да заработат што повеќе етери.

Уште една голема предност на етериумот е способноста за децентрализирање на сите централизирани услуги. На пример:  Етериум е во состојба да децентрализира услуги како заеми од банки, трансакции кои користат пејпал и многу повеќе.

Eтериумот може да се користи за изградба на децентрализирани автономни организации (DAO). ДАО е целосно автономна организација без лидер. Таа функционира со помош на програмски кодови како збит на паметни договори напишани ос страна на етериум блокчејнот.

Трето лице не може да направи никакви промени во податоците. Системот претставува доказ за заштита од корупција. Етериумот е заштитен со сигурна криптографија, така што апликациите се добро заштитени од хакерство.

  • Лајткоин

Лајткоин беше лансиран во 2011година и додека биткоинот се смета како злато лајткоинот се стремеше да биде сребро. Лајткоинот исто така, ја регистрира најголемата вредност на пазарот после биткоин.

Главната причина за креирањето на лајткоин беше да го надомести она што биткоин го нема. Главната разлика помеѓу лајткоин и биткоин е времето: На лајткоин му требаат 2,5 минути за да генерира блок, додека на биткоин му требаат 10 минути. За техничките експерти, Лајткоинот поседува многу повеќе од ова, а тоа е подобрениот алгоритам кој ја забрзува хаш-моќта и системот во целост. Лајткоинот исто така  поседува способност да се справи со поголем број на трансакции поради неговите алгоритми.

Лајткоин не успеа да го обезбеди и одржи второто место по биткоин. Иако се уште се копа, се тргува и купува од страна на инвеститорите. Сегашната цена на Лајткоин изнесува 214 $.

  • Monero

Монеро беше претставен  во 2014 година и неговата главна цел беше да создаде алгоритам за додавање на карактеристики за приватност, кои карактеристики недостасуваа кај биткоин. Монето измисли систем наречен  ‘’прстен потписи” за да го сокрие идентитетот на неговите испраќачи и приматели.

Потписите на прстените претставуваат комбинација од клучеви за приватна сметка на корисниците, со јавни клучеви. Овие клучеви се добиваат од монеровиот блокчејн за да создаде прстен на можни потписници, кои што не би дозволиле надворешни лица да го поврзат потписот со одреден корисник. Корисниците на Mонеро може да ги задржат нивните трансакции приватни или  можат да ги споделат своите информации селективно. Секоја сметка во ” Монеро” има “копче за преглед”, што му овозможува на секој кој поседува монеро, да ги види трансакциите на сметката.

Mонеро исто така ги подобри и функциите за приватност со помош на користење на                           ” Стелт Адреси ”, кои се генерирани по случаен избор. На овој начин примателите користат една адреса, а трансакциите што ги добиваат одат на посебна единствена адреса. На овој начин адресите на монеро не можат да бидат поврзани со објавените адреси на примателите.

Како и сите други крипто валути, монеро нуди можност за негово копање за оној кој е заинтересиран. Можете да се здружите со повеќе рудари, или можете сами за себе. Исто така, со монеро не ви е потребен специфичен рударски хардвер како што е случај со биткоин.  Секој кој има компјутер може да копа монеро монети. Монеро користи “доказ за работа” алгоритам. Сегашната цена на Mонеро изнесува 273 $. Поради функциите за приватност, монеро е помалку шпекулативен од другите криптовалути.

  • Рипл

Рипл како технологија има двојна функција: дигитална валута и дигитална мрежа за плаќање на финансиски трансакции. Рипл беше лансиран во 2012 година од страна на Крис Ларсен и Џед Мекалеб .

Рипл функционира малку поинаку од другите криптовалути, на принцип на платформа со отворен код ( peer to peer) децентрализирана платформа, која платформа овозможува брз трансфер на пари во било која форма, рамна(обична) и криптовалута.

Рипл користи посредник во трансакциите. Посредникот е познат како “Портал”. Порталот делува како врска помеѓу двете страни во мрежата кои сакаат да направат трансакција. Ова е причината зошто Рипл е помалку популарен во споредба со другите криптовалути. Цената на Рипл изнесува 0,9 $.

Рипл како монета делува како мост за другите рамни(обични) и криптовалутите.

Пример – Ако Климе прифаќа биткоини како форма на плаќање за неговите услуги од Дејан, тогаш Дејан не мора да поседува биткоини. Дејан може да му плати на Климе во американски долари, евра, фунти или други валути. Тогаш Климе ќе добие битковини конвертирани од американски долари од страна на неговиот портал.

Рипл  мрежата не користи алгоритам за “доказ за работа”, затоа неговите корисници се изложени на одредени ризици. Трансакциите се потпираат на протокол на консензус со цел да се проверат салдата на сметките и трансакциите на системот.

Но, рипл овозможува подобрување на некои карактеристики на традиционалните банки. Трансакциите се завршуваат за неколку секунди во мрежата на мрежи. Надоместоците за трансфер се исто така многу мали во однос на традиционалните банки.

Постојат и други криптовалути кои работат многу добро и се многу ветувачки како на пример- (ZCash , Dash, Dodge, Neo, Cardano) и многу повеќе. Исто така  има многу и монети кои се безвредни, и веројатно ќе исчезнат по неколку години. Биткоин и другите алтоини може да донесат нова глобална економија. Тие нудат многу повеќе него што нудат традиционалните банкарски системи како: Нема посредник, побрза брзина, поголема приватност и многу други карактеристики. Секоја криптовалута има свои предности и слабости. Сигурно ќе откриеме многу повеќе како што поминува времето.

 

Која од овие валути ќе ја изберете, тоа ви го оставам вам?

Ви благодариме за читањето

Следете ме на Фејсбук:  http://bit.ly/2zDUBpp

Регистрирајте се на мојот блог:  https://darkokipariz.blogspot.com/