Во однос на лани, зголемена е цената на шеќерот. Чесите чувствуваат најголема разлика споредено со минатата година.

Како што објави Евростат, цените на шеќерот во Европската Унија се зголемени за 61 отсто во февруари и март 2023 година во споредба со истиот период лани.

Најголем пораст има во Чешка (98 отсто), Естонија (97 отсто), Полска, Германија и Латвија, додека помал пораст на цените е забележан во Унгарија (17 отсто), Луксембург (19 отсто).

Извештајот на ФАО покажува дека цените на храната на глобално ниво се намалиле во просек за 20 отсто во текот на изминатата година, освен цената на шеќерот, која порасна за 6,9 отсто во февруари и 1,5 отсто во март. Откако почна војната во Украина, повеќе намирници поскапеа.