Од рубриката нечуено-невидено Ви пренесуваме еден, досега, невиден феномен во банкарството.

Имено, во Шпаркасе банка, доколку Вашиот извод е подолг од една страна, секоја наредна страна, за да ви биде испечатена, претходно треба да ја платите по 40 денари лист!

Да, драги мои, колку и да Ви звучи ова неверојатно, ова е пракса во банката.

Што значи тоа?

Ако сакате да ви испечатат движења на средствата на вашата трансакциска сметка за последните 3 месеци, и ако тоа треба да се испечати на 4 листови, ќе мора да платите однапред 120 денари на шалтер, па потоа ќе ви испечатат извод. Значи буквално ќе бидете спроведени олд скул стајл, прво на шалтер, па назад до лицето фотокопирач-умножувач-по-решение-персонален-банкар, и со приложена уплата печати. Инаку не… Хеејјј, студентски прашања се пресликаа во банките…

А математиката е едноставна: Еден лист моментално чини 0,33 денари ( едно пакување од 500 листови во секоја книжара е околу 165 денари ) и еве тонер нека се потроши, не знам, 0,67 – тој лист банката ја чини 1 денар. Еве, нека има и амортизација на принтерот 1 денар, листот би чинел 2 денари. Вас ќе ви го наплатат 40 денари….
Дали е ова нов, иновативен и современ начин за правење пари, не знаеме. Со оглед на квалитетите на менаџментот, одливот на клиенти и генералното ослонување на провизии, а не на камати, сигурно дека вакви очајни мерки се неопходни.

Од таков „квалитетен“ менаџмент не се очекува ни ништо помалку!

Но ние како клиенти, не очекуваме од нашата банка вакви измислени трошоци и такси!

Размислете добро кога одбирате банка, може скапо да ве чини!

 

Наум Димитровски