Предлог-законот за кратење на работните часови на администрацијата кој се најде на ЕНЕР и кој предизвика лавина реакции има уште еден спор член. Во него се предвидува нераспоредените државни советници да можат да одат во пензија со навршени 55 години и 15 години стаж.

Освен кратењето на работното време во петок дел од администрацијата ќе можат да одат во пензија со 55 години старост

Предлог-законот за кратење на работните часови на администрацијата кој се најде на ЕНЕР и кој предизвика лавина реакции има уште еден спорен член. Во него се предвидува нераспоредените државни советници да можат да одат во пензија со навршени 55 години и 15 години стаж.

-Државните советници вработени до денот на започнување со примена на овој закон, за кои нема да има работни места на кои би биле распоредени може: да бидат предвремено пензионирани доколку на денот на влегување во сила на овој закон имаат навршени 55 години старост и имаат 15 години работен стаж или спогодбено да им престане работниот однос со отпремнина во износ од ___________. Државните советници кои нема да прифатат ниту една од можностите од став (2) на овој член ќе бидат распоредени на работно место во институцијата за кое исполнуваат услови, се вели во предлог законот.

Предлог-законот предизвика многу негативни коментари во јавноста, а премиерот Зоран Заев денеска кажа дека станува збор само за предлог даден од коалициски партнер и оти Законот е нивно предизборно ветување.