Во првата половина годинава преку интернет нарачки на домашниот пазар граѓаните потрошиле близу 70 милиони евра, што претставува раст од 113,5% споредено со истиот период лани.

Од Асоцијацијата за е-трговија сметаат дека ова е позитивното искуство што и потрошувачите и компаниите го искусија за време на корона кризата и вонредните услови за живеење.

Македонскиоте граѓани преку интернет најчесто купуваат облека и ИТ производи, плаќаат сметки, но корона кризата високо ги издигна и онлајн нарачките за храна. Очекувањата се дека растот на е-трговијата ќе продолжи со силно темпо.

Во земјава во моментов се активни 1.223 е-продавници, а податоците покажуваат дека секој работен ден во просек се отварале по две нови виртуелни продажни места.