Премиерот Зоран Заев ги демантираше информациите за евентуалното поскапување на производите до 50 отсто до крајот на оваа година.

„Тоа не е точно. Инфлацијата во државата е контролирана и таа е до 2,7% и тоа е ниско ниво. Осетлива инфлација се чувствува над 15, 20 и тоа е факт. Ние не можеме да бидеме изолирани од настаните во светот. Отворен пазар сме и зависни од Европа и надвор од неа. Цената на струјата е главен индикатор за покачување на цените на производите на просечно ниво, не повеќе од 3%. Владата е тука за да помогне“, истакна Заев.