Загрепската берза (ЗСЕ) објави дека поседува 476 акции, што претставува удел од 17,05 отсто во нејзината всничка во Северна Македонија, Македонската берза (МСЕ).

„ЗСЕ вчера се стекна со уште 199 обични акции, односно 7,13 отсто од основната главнина. Трансакцијата е целосно финансирана од сопствени средства на берзата“, се вели во соопштението.

Не е именуван продавач или вредност на трансакцијата, пренеува СЕЕбиз.

Пред ова купување, Загрепската берза поседуваше 277 акции или 9,92 отсто од капиталот на МСЕ.

Комисијата за хартии од вредност на Северна Македонија (КХВ) во средата соопшти дека го одобрила барањето на Загрепската берза за зголемување на учеството во Берзата до 30 отсто.

СЕЕбиз потсетува дека Загрепската берза ја купи Љубљанската берза во 2015 година.