Цените на основните прехранбени производи нема да се менуваат до крајот на јануари или уште три дена, а што следи потоа никој не знае.
Дали февруари ќе донесе нов бран поскапувања на храната, откако поскапе цената на електричната енергија – се прашуваат граѓаните.
Со владина одлука, во декември минатата година, цените не некои од основните прехрамбени производи беа замрзнати.
Лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата до 31 јанури се продаваат по цени што ги имале на 1 декември годинава.
Замрзнувањето на цените важи во трговијата на големо и во трговијата на мало.
Кога беше донесена одлулуката од страна Владата најавија дека оваа одлука може да биде продолжена и по 31 јануари 2021 ако тоа и натаму го бара состојбата на пазарот.
Останува да видиме дали ќе има продолжување на оваа одлука, или граѓаните ќе мора да се соочат со нови поскапувања на храната, освен оние на струјата, парното и најавеното за цигарите.