Започна пробниот трансфер на азербејџански гас од Грција во Бугарија преку интерконекторот Комотини-Стара Загора. Ова за НОВА го потврдија од инвестициската компанија (ИЦГБ) која ја спроведува интерконекцијата, објави Факти.

Од таму соопштуваат дека преку цевките се снабдува реална количина од синото гориво, а официјалното снабдување треба да започне од 1 јули.

Бугарија е акционер со 20% удел во терминалот за течен гас кај Александрополис.