Од следната недела започнува исплатата на депозитите од пропадната Еуростандард банка

2020-08-25 11:00

Следната недела најавено е започнувањето на исплатата на депозитите во Еуростандар банка, на која и беше одземена дозволата за работа, информираат од Фондот за осигурување на депозити за Телма. Од таму велат дека очекуваат наскоро стечајниот управник да го достави списокот на физичките и...

Гутереш: 120 милиони работни места во туризмот се загрозени поради пандемијата

2020-08-25 10:00

Околу 120 милиони работни места во туризмот во светот се загрозени поради пандемијата на Ковид-19, изјави главниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. „ Во првите пет месеци од годината меѓународните туристички доаѓања се намалија за повеќе од педесет отсто и загубени се околу 320...

Кина ќе го интензивира развојот на технолошките иновации за поголем раст

2020-08-24 21:00

Кина ќе го интензивира развојот на технолошките иновации со мобилизирање на националните ресурси и врвни светски истражувачки тимови со цел поттикнување на поквалитетен раст, најави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг, кој учествува на економски и академски семинар. Како што објави државната телевизија, Си рече дека...

Домаќинствата им должат на банките 2,9 милијарди евра

2020-08-24 20:00

Заклучно со јули годинава, домаќинствата им должат на банките 2,9 милијарди евра, покажува најновиот извештај на Народната банка. Според податоците, и покрај кризата, во јули има зголемување на кредитите кај населението во однос на јуни за 1,3 проценти, а зголемувањето во однос на ланскиот...

НЛБ Банка со нова современо опремена експозитура во Тафталиџе

2020-08-24 19:00

НЛБ Банка денеска со отворањето на нова експозитура во населба Тафталиџе ја прошири својата продажна мрежа на уште една локација. Новата експозитура  ќе го опслужува сегментот население и правни лица нудејќи сеопфатни банкарски услуги. Истата е опремена по најсовремени технолошки и безбедносни стандарди, како...

Банките предвремено ќе ја исплатат и августовската пензија

2020-08-24 18:00

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека банките и овој месец  предвремено ќе ја извршат исплатата на августовските пензии. Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, веќе во среда, 26 август 2020 година, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија.  Готовинската исплата на пензиите, за...

Цените на горивата остануваат непроменети

2020-08-24 17:00

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука цените на бензините и дизелот да останат исти во согласност со одлуката од 17.8.2020 година, а намалување ќе има на малопродажната цена на мазутот М-1 НС за 0,323% и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)...

Отворен повик за онлајн обука за претприемништво за девојки и жени од Jугозападниот регион

2020-08-24 16:00

Менторската мрежа „Стела“ отвори повик за учество на обука за претприемништво за девојки и жени од Jугозападниот регион, односно Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца, Дебар, Кичево, Македонски Брод, Пласница и Центар Жупа. Онлајн обуката ќе се одржи на 5-ти септември со почеток од 10:00 часот...

Охриѓани пак се незадоволни од приходите оваа година

2020-08-24 15:00

Главната летна туристичка сезона што полека изминува потфрли по сите параметри, и од посетеноста и од остварениот промет, пишува дописникот на МИА од Охрид. Додава дека причините се добро познати, епидемијата на коронавирусот доведе до тоа на охридската ривиера речиси и да немаше странски...

Акциите на „Тесла“ скокнаа за 50 % и се продаваат за 2.100 $

2020-08-24 14:00

И покрај неизвесната економска состојба, многу акции, а со тоа и индекси, продолжуваат да растат, бидејќи инвеститорите се подготвени да преземат ризици со пониски каматни стапки. Централните банки се на нивна страна со фантастични количини новопечатени пари, а фаворити на пазарот се уште се...