ММФ: Светот веќе влезе во рецесија!

2020-03-28 19:00

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева изјави дека новиот коронавирус ја турна глобалната економија во рецесија и оти државите треба да одговорат со огромно зголемување на потрошувачкатаза да ја избегнат потенцијалната серија банкроти. Таа преку видео-конференцја, одржана синоќа во Вашингтон истакна дека...

Денарот е и ќе остане стабилен – нема промени на нивото на неговиот девизен курс

2020-03-28 18:30

Имајќи предвид дека во некои медиуми и на социјалните мрежи има објави во коишто се коментираат девизни курсеви на онлајн-платформи, би сакале да укажеме дека овие онлајн-платформи не се релевантен извор за следење на вредноста на денарот. Објавите на овие онлајн-платформи не произлегуваат од реално тргување...

Економскиот совет го разгледа дополнителниот пакет мерки за справување со економските последици

2020-03-28 18:01

Економскиот совет, кој работи на иницијатива на претседателот на Владата, Оливер Спасовски, денеска го одржа вториот состанок на кој го разгледаа дополнителниот пакетот мерки кој го предлага владата за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор од блокадата на реалниот сектор што...

Кои се вашите права на надомест на плата во случај на отказ во вонредни услови?

2020-03-28 15:00

Имајќи ја предвид глобалната ситуација во врска со пандемијата од вирусот COVID-19, како и мерките, препораките, заклучоците и други акти коишто нашата држава ги презема во насока на спречување на ширење на пандемијата и намалување на штетните последици, како од здравствен, така и од...

Европа во недостиг на аргати: Нема кој да ги работи полињата со храна!

2020-03-28 14:00

Откако Европа ги заостри граничните контроли за да се спречи ширењето на коронавирусот, во Велика Британија, земјоделците не можат да најдат работници кои ќе берат малини и компири. Во делови на Германија, белите аспарагусни култури ќе бидат изгубени. Во Шпанија, никој нема да собере...

ЕБА: Бесконтактното плаќање може да помогне во намалувањето на заразата со коронавирусот

2020-03-28 13:00

Регулатоторното тело на банкарскиот сектор на Европската Унија, Европскиот банкарски орган (ЕБА) им препорачува на финанските компании да им овозможат на своите клиенти да вршат бесконтактни плаќања, со цел да придонесат во намалувањето на ризикот од ширење на коронавирусот. И централната банка во земјава...

Работниците во фабриките викендов ќе одат на работа со посебни дозволи

2020-03-28 12:00

За време на полицискиот час, кој во сабота и во недела ќе почнува од 16 часот и ќе трае до 5 часот следното утро, производствените погони и фабрики го продолжуваат своето производство организирано во смени. Во согласност со заклучокот од дванаесеттиот состанок на главниот...

Димковски: Субвенциите за тутунот ќе бидат исплатени!

2020-03-28 11:00

Субвенциите за тутунот ќе бидат исплатени. Во Платежната агенција денеска завршуваат последните проверки. Би ги замолил производителите за трпение, рече вчера министерот за земјоделство, Трајан Димковски. Според него, и покрај очекуваната побрза динамика на исплата, состојбата со коронавирусот предизвика извесно забавување. -Субвенциите за тутунот...

Почнува ослободувањето oд персоналец и данок на добивка за погодените фирми

2020-03-28 10:00

Даночните обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејност и обврзниците на данокот на добивка можат да бидат ослободени од плаќање аконтации, со цел задржување на поголема ликвидност и премостување на првите ефекти од коронакризата. Оние кои ќе поднесат барање до Управата за јавни приходи...

Халкбанк ја одложува наплатата на кредитните обврски за 6 месеци за сите физички лица кои имаат редовна отплата на своите обврски

2020-03-28 09:00

Халкбанк АД Скопје донесе одлука на сите физички лица, клиенти на банката, кои по било која основа немаат ненаплатени кредитни обврски подолго од 90 дена на датум 29.02.2020 година, да им понуди одлагање на отплатата на кредитните обврски (кредити, кредитни картички и дозволени пречекорувања...