Јапонија и САД ќе соработуваат во рударството на ретки земни метали од океанското дно

2025-11-06 09:21

Јапонија и САД имаат намера да соработуваат во областа на рударството на ретки земни метали покрај брегот на островот Минамиторишима, изјави јапонската премиерка Санае Такаичи. -Обезбедувањето различни начини за рударство на ретки земни метали е важно и за Јапонија и за САД. Ќе продолжиме...

Висок јавен долг, бавна фискална консолидација – Министерството за финансии молчи!

2025-11-05 21:00

Молк од Министерството за финансии за вчерашниот извештај на Европската комисија, во кој остро се критикуваат економските политики и резултати на Владата. Нема одговор на нашето прашање испратено до финансии за тоа како го коментираат делот од извештајот во кој се вели дека Владата...

Турција: Остварени над 50 милијарди долари приход од туризам за девет месеци во 2025 година

2025-11-05 20:00

Над 50 милијарди американски долари (околу 45 милијарди евра) приход од туризам се остварени за овие девет месеци од годинава, што е зголемување за 5,7 отсто, во овој значаен економски сектор во земјата. Покрај растот на приходите, Турција во овие девет месеци бележи и...

ИТ компаниите веќе со конкретни активности и подготовки за програмата студентски ваучери 2025

2025-11-05 19:00

Со најавените над 50.000 студентски ваучери и релативно краткиот временски рок за нивно искористување, целиот ИТ сектор се соочува со голем предизвик да обезбеди доволно лагер на квалитетна опрема. Разбирајќи го ова, и со цел да им излезе во пресрет на студентите, компанијата Анхоч е прва...

Европскиот бум на трошење – дали се создава нова опасна долговна спирала

2025-11-05 18:00

Сојузот на европскиот развој се засилува преку стимуланси и растечки одбранбени буџети, но експертите предупредуваат: високото трошење може да ја зголеми задолженоста и да ја загрози финансиската стабилност. По години на релативна фискална воздржаност, фискалната политика во еврозоната повторно се враќа во прв план....

ЕК усвои планови за развој на брзи железници и за инвестиции во еколошки горива

2025-11-05 17:00

Европската комисија денеска усвои сеопфатен пакет за транспортниот сектор, кој предвидува забрзување на воспоставувањето на европска мрежа на брзи железници и поголеми инвестициите во обновливи и горива со ниско ниво на емисии на јаглерод диоксид за воздухопловство и поморскиот сообраќај. Како што соопшти ЕК,...

Славески: Годинава раст на економијата од 3,5%, просечната инфлација 3,9%

2025-11-05 16:00

Според најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2025–2028 година, економијата ќе продолжи со стабилен раст и отпорност, додека инфлацијата постепено ќе се приближува кон историскиот просек. Гувернерот Трајко Славески на денешната прес-конференција изјави дека за 2025 година се очекува раст на економијата...

Народната банка го задржува внимателниот пристап − каматните стапки остануваат непроменети

2025-11-05 15:04

На 4 ноември 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за состојбите во домашната и светската економија, најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари,...

Купувачот на „Лукоил“ го негира руското влијание

2025-11-05 15:00

Швајцарската компанија за трговија со стоки „Гунвор“ е подготвена да ги смири сите загрижености за можното руско влијание врз странските средства што ги стекнува од енергетската компанија „Лукоил“, изјави Торбјорн Торнквист, извршен директор и коосновач на „Гунвор“, за „Блумберг“, цитиран од „Ројтерс“. Минатата недела...

ММФ: Хрватска влегува во финансиски хаос, ако итно не ги ограничи растот на платите и трошоците

2025-11-05 14:00

Хрватска е на клучна крстосница за структурни и фискални реформи, неопходни за одржлив економски раст и финансиска стабилност, нагласија експертите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). –      Владата презеде правилни чекори со воведување данок на имот и зголемување на товарот за краткорочни изнајмувања, но би...