Синдикалната кошничка во јули изнесува 65.328 денари

2025-07-21 15:00

Од податоците на Синдикалната минимална кошница евидентно е дека, откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637,00 денари… Синдикалната кошница во јули изнесува 65.328 денари – пресмета Сојузот на синдикати. Во однос на претходниот месец...

Пониски цени на бензините од полноќ

2025-07-21 14:00

Од ноќеска се намалуваат малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50  денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 денари/литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното...

САД нема да го продолжат рокот за трговскиот договор со ЕУ

2025-07-21 13:00

Американскиот министер за трговија најави дека рокот до 1 август за постигнување трговски договор со Европската Унија е конечен, а доколку не се постигне договор, ќе бидат воведени царини од 30 отсто на европски стоки. ЕУ останува отворена за дијалог. САД немаат намера да...

Годишен раст од 12,9% на вкупните депозити и од 13,0% на вкупната кредитна поддршка

2025-07-21 12:57

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 12,9%, којшто во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на...

Пониски плати во Германија од јули

2025-07-21 12:00

Зголемените придонеси во Германија ги намалуваат платите на вработените. Некои работници губат до 250 евра годишно. Просечно зголемување од само еден процент може да ја намали годишната нето заработка за 252 евра. Сè поголемиот број граѓани во Германија кои се опфатени со законско здравствено...

Неверојатно е тоа што го прават „Тему“ и „Шејн“: Европа реагираше – еве што прават со производите

2025-07-21 11:00

Мекграт ова го изјави по повод извештај на пратеници од Европскиот парламент во кој се наведуваат примери на производи што се продаваат преку кинеските платформи „Тему“ и „Шејн“, за кои се тврди дека содржат опасни или небезбедни материи. – Шокиран сум и сметам дека имаме обврска...

Повисоката цена на струјата го прави македонскиот индустриски сектор неконкурентен на европскиот пазар

2025-07-21 10:29

Земјите од регионот на Југоисточна Европа, вклучително и Северна Македонија, се соочуваат со највисоки цени на електрична енергија во Европа, што сериозно го нарушува нивниот индустриски развој и конкурентност на европскиот пазар. Ова го потврдува Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, кој...

Трамп повторно се заканува на БРИКС: „Ако сериозно се обединат, тоа брзо ќе заврши“

2025-07-21 09:09

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес повторно се закани дека ќе воведе царини за членовите на БРИКС, велејќи дека групата „брзо ќе заврши“ ако некогаш сериозно се формира. „Кога слушнав за оваа група БРИКС, тие шест земји… ги удрив навистина, навистина силно. И ако...

И во Германија работниците едвај врзуваат крај со крај!

2025-07-20 14:00

Според соопштението на Федералниот завод за статистика, како одговор на барањето од групата „Сахра Вагенкнехт Алијанса“ (BSW) во Бундестагот, работните места во услугите за чистење се меѓу најниско платените занимања во Германија, со просечна бруто плата со полно работно време од 2.493 евра, објавија...

Словенија предлага 25% данок на добивка од дигитални средства

2025-07-20 13:00

Словенија планира да воведе нов закон со кој ќе се оданочуваат добивките од тргување со криптовалути со стапка од 25%. Овој потег претставува значајна промена во досегашниот пристап, каде што индивидуалните инвеститори беа речиси целосно ослободени од ваков данок. Словенечкото Министерство за финансии го...