Грција ја почна постапката за враќање на 3,6 милијарди евра на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави министерот за финансии Кристос Стаикурас.

Грчкиот министер кажа дека станува збор за предвремено отплаќање на заемите чиј рок за исплата истекува во 2021 и 2022 година.

Грција на тој начин отплати делови од долгот кон ММФ од ноември 2009 година.

Земјата вкупно, со најавеното ново отплаќање, ќе врати 80 отсто од заемите кон ММФ, односно 6,3 милијарди евра.

Грција пред речиси две години излезе од осумгодишната меѓународна програма за време на која спроведе големи кастрења во потрошувачката и ги крена даноците за да ги исполни критериумите за добивање на заемите.

Нејзината финансиска криза доведе до огромни стапки на невработеност, и голем пад на стопанската активност.