Џеф Безос ќе се повлече од функцијата извршен директор на „Амазон“, што е шокантна промена сама по себе, но овој потег го насочи вниманието и кон неговиот наследник, малку познат, но моќен извршен директор по име Енди Џеси, кој раководи со единицата за клауд компјутинг (технологија на облак).

Џеси во моментов е извршен директор на „Амазон веб сервиси“ (AWS), профитабилна единица за складирање податоци во облак на гигантот за е-трговија, и која што ушествуваше со 67 отсто од оперативниот профит на целата компанија во последниот квартал, потпомогната од зголемената побарувачка на оваа технологија за време на пандемијата.

Под водство на Џеси, AWS се појави како речиси незапирлива сила во индустријата за облак-компјутинг вредна 100 милијарди долари, победувајќи ги „Гугл“ и „Мајкрософт“ и привлекувајќи големи клиенти како „Зум“.

Џеси се приклучи на „Амазон“ во 1997 година и работеше како технички асистент на Безос, пред да помогне во лансирањето на AWS во 2006 година.

Џеси е близок доверлив човек на Безос, објави Инсајдер, и учествуваше во контроверзната одлука за повлекување на платформата „Парлер“ од AWS по немирите во Капитол, потег што предизвика пофалби, но и тужба од оваа десничарска мрежа на социјални медиуми.

Одлуката на оваа единица на „Амазон“ за повлекување на услугата за социјални медиуми „Парлер“ ја истакна улогата на компанијата која често се занемарува, придвижувајќи голем дел од интернетот.

„Парлер“ отиде офлајн откако „Амазон веб сервиси“ ја суспендира нејзината сметка, потенцијално осакатувачки удар за страницата, претпочитана од десничарски екстремисти, од кои некои се залагаа за насилство пред немирите во американскиот Капитол.

Во писмото до „Парлер“, во кое што имаше увид „Блумберг“, Амазон вели дека компанијата не е во состојба ефикасно да ги држи повиците за насилство од својата платформа. Веб-страницата ја тужеше „Амазон“, обидувајќи се да ја врати акцијата и да се врати на Интернет.

Џеси не избегна контроверзии: Тој го бранеше софтверот на AWS за препознавање на лицето, откако критичарите ја притиснаа компанијата да ја запре продажбата на органите за спроведување на законот и јавно изјави дека „непочитувањето“ на администрацијата на Трамп придонесе „Амазон“ да не загуби од профитабилниот клауд компјутунг воен договор минатата година.

Важен цитат

„AWS и Џеси – тие се вратарите“, изјави за Инсајдер Ден Ајвс, аналитичар во Ведбуш Секјурити. „Џеси е еден од најмоќните лидери не само во технологијата на облак и во технолошкиот сектор, туку и во светот на бизнисот“.

Позадина

Безос рече дека се повлекува од функцијата во средата за да се фокусира на неговите други интереси. Тука спаѓа Фондот Ден 1, кој дава милиони долари на организациите кои се борат против бездомништвото и финансира изградба на предучилишни установи за семејства со ниски примања, како и Земјиниот фонд на Безос, кој финансира иницијативи за климатски промени. Безос, кој е најбогатата личност на светот, исто така рече дека сака да посвети време на неговата комерцијална вселенска компанија Blue Origin и на Вашингтон пост, кои ги поседува од 2013 година.

Изненадувачки факт

Во септември, Вашингтон пост го прогласи Џеси за „привиден наследник“ откако во август се пензионираше уште еден заменик на Безос, Џеф Вилке. Вилке ја водеше ширум светот потрошувачката деловна активност на „Амазон“ и се сметаше за врвен избор за да го замени Безос.