Ветувањето на највисоките американски функционери е дека ќе продолжат да ја притискаат руската економија со санкции се додека таа не крахира, и тоа неспорно се случува. Проблемот е што крахот е неподносливо далеку, а може и да не се случи.

Новинарот на Нешнл ривју потсетува „имајте предвид дека санкциите се ефикасни колку е што е ефикасно нивното спроведување, а Русија се уште има начини како да продава на глобалниот пазар“.

Како приходи на Русија тој наведува дека земјата само во април само од нафта очекува дополнителни приходи од 9,6 милијарди долари заради високите цени на горивото. На оваа бројка само се плус средствата што се влеваат во Русија по основа на извоз на природен гас (над 100 милиони кубни метри на ден) и извоз на јаглен, кој ЕУ дозволи да продолжи еден месец повеќе од тоа што првично се планираше.

Сето ова на куп Блумберг пред некое време го процени на приходи од околу 320 милијарди долари за 2022, што е една третина повеќе отколку парите што Русија ги заработи во мирнодопската и без санкции 2021.

Иако Русија не би ја признала лошата економска состојба дури и да е на чекор од крах, сега сомнежот е дека тие можеби и навистина не лажат кога зборат дека „до крајот на годината ќе се имаат адаптирано на светот после санкциите“.

„Грев е да се пожалиме, месецов направивме се што е возможно и невозможно со министерството за финансии… За сега, во моментов имаме можности. Ама треба време за економијата да се адаптира. Невозможно е за таков удар да се реорганизираме за помалку од половина година,“ ја пренесува Џим Герати изјавата на рускиот премиер Михаил Мишустин.

Герати го пренесува мислењето и на уште еден американски економски експерт, Патрик Хонохан од Петерсон институтот во Вашингтон, кој потврдува дека нема сомнеж дека санкциите ја ослабеле руската економија, меѓутоа тие никогаш нема да успеат да ја запрат „се додека економијата има непречен прилив на приходи од извоз“.

Процената на Герати е дека американскиот план за санкционирање на Русија се одвива идентично успешно како и руската офанзива во Украина – работи, ама не како што е планирано.

„Ако САД навистина сакаа да му наштетат на Путин, ние ќе објавевме дека Соединетите држави, со нашите…

– 2 милијарди барели докажани резерви на сурова нафта;
– 3 милијарди кубни стапки резерви на природен гас;
– 535 милиони тони јаглен;
– 284 милиони киловат часови генерирани од обновливи извори, вклучително и 121 гигавати од соларна енергија;
– 97 милиони генерирани од нуклеарна енергија; и
– 70.000 ветерници

… се подготвуваме да ја замениме Русија на светските енергетски пазари и да ги снижиме цените. Не ти треба почитување санкции ако можеш на купувачите да им обезбедиш слична или подобра стока за пониска цена,“ пишува Герати.