Зголемен бројот на работници во индустријата

2023-04-05 11:00

Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на февруари лани, е поголем за 1.8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во првите два месеца од 2023, пак, бројот на работници бележи раст од 1.2 отсто со споредба со истиот период минатата...

Размената на стоки на Србија со земјите од Отворен Балкан лани изнесувала 1,7 милијарди евра и бележи пораст

2023-04-05 10:00

Според податоците на Стопанската комора на Србија, вкупната размена на стоки на Србија со земјите од иницијативата Отворен Балкан во 2022 година изнесува 1,7 милијарди евра и бележи пораст од 28,9 отсто во однос на 2021 година, објави Данас. Најтргувани извозни производи во 2022...

Земјоделци за Алфа: Ќе пропаднеме, со замрзнување на цените власта свесно не ништи како производители

2023-04-05 09:00

Цените на 11 земјоделски производи од утре ќе бидат замрзнати согласно последната одлука на владата. станува збор за доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот, сите заминуваат под мраз. За земјоделците и производителите на овошје и зеленчук владината одлука...

Во изминатото деноноќие произведени се 15.600 MWh електрична енергија

2023-04-05 08:00

АД ЕСМ на 03.04.2023 година произведe 15.600 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти. Во Термоелектраните произведени се 12.446 MWh, а во хидроелектраните и во...

Додека јас сум директор на Пазарен инспекторат, никој нема да биде над законот, тврди Трајковски

2023-04-04 21:00

Пaзарниот инспекторат постапува по сите Oдлуки на Владата кои се однесуваат на цените на производите, а тоа значи дека и понатаму ќе работиме со полн капацитет и сите инспектори ќе бидат на терен. Ова го изјави директорот на Пазарен инспекторат Горан Трајковски на социјалните...

„Визер“ и „Луфтханза“ побараа субвенции од Владата за евтини авиолинии

2023-04-04 20:00

Субвенционирањето, велат од Министерството за транспорт и врски, има цел да се развие воздушниот сообраќај во земјава, како и да има поконкурентни и подостапни цени на авиобилетите за граѓаните „Визер“ и „Луфтханза“ се двете авиокомпании кои доставија барања до Владата за субвенции за воведување...

Спремајте повеќе пари: Од полноќ бензините поскапуваат

2023-04-04 19:00

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98...

Предлог-измени на Законот финансиски друштва, ВМРО-ДПМНЕ бара во контролата да се вклучи и Народната банка

2023-04-04 18:00

Во Собранието попладнево во рамки на 103-тата седница беше разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиските друштва во прво читање, за кој е предложен заклучок дека е прифатлив за второ читање, а гласањето ќе биде дополнително. Пратеникот Здраво Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ...

Макпетрол: Природниот гас во април со пониска цена за 13 отсто, метанот поевтин за шест денари за килограм

2023-04-04 17:00

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, цената на природниот гас за април ќе се намали за 13 отсто за мегават час, во споредба со цената за март ова година, информира...

Колку навистина заштедуваат семејствата со замрзнатите цени?

2023-04-04 16:00

Владата продолжува со трендот на намалување, односно замрзнување на цените на производите за секојдневна употреба. По цената на лебот, потоа на млекото и млечните производите, тестенините, јајцата и оризот, па и на хигиенските производи, денес на ред дојдоа и цените на овошјето и зеленчукот....