Граѓаните продолжуваат да штедат во банките – најмногу подигаат потрошувачки и станбени кредити

2025-11-21 16:05

Годишниот пораст на паричната маса во банките изнесува 11,8% и е резултат на порастот на депозитните пари и на краткорочните депозити, при помал пораст и на готовите пари во оптек и на долгорочните депозити до две години, нотира Народната банка во својот најнов извештај...

Астрономски цени на недвижностите во Србија, квадрат стан 10.000 евра, гаража 66.000 евра

2025-11-21 14:00

Најскапата куќа е 3,8 милиони евра на Савски Венац, а најскапото земјоделско земјиште е 1,2 милиони евра во општина Кула, според податоците од српскиот Републичкиот геодетски завод. Најскапата гаража е исто така во Савски Венац, за која се платени 66.000 евра. Најскапиот комерцијален простор...

Биткоинот се движи кон најлошиот месец од колапсот на криптовалутите во 2022 година

2025-11-21 13:00

Биткоинот е на пат да го запише својот најлош месечен резултат откако низа корпоративни колапси го потресоа поширокиот криптосектор во 2022 година. Вредноста на најголемата криптовалута утрово се лизна за дури 6,4 проценти, на 81.629 американски долари, пред малку да ги намали загубите, според податоците на „Блумберг“....

Европските индекси паѓаат, неизвесноста на американските берзи се прелева на глобалните пазари

2025-11-21 12:00

Европските берзански индекси денес се претежно во опаѓање, бидејќи неизвесноста во Соединетите Американски Држави околу потенцијалното преценување на технолошките компании и одржливоста на инвестициите во вештачка интелигенција се прелева на глобалните пазари. Одличните квартални резултати од највредната компанија во светот, американската Nvidia, само накратко...

MAN укинува 2.300 работни места во Германија

2025-11-21 11:00

Производителот на камиони и автобуси MAN објави дека има намера да укине околу 2.300 работни места во својата матична Германија во следните десет години. Работниците нема да бидат отпуштени, нагласи портпаролот на компанијата, но работните места ќе бидат укинати како што вработените ќе се...

По 15 пат награда од Global Finance: Комерцијална банка – најдобра FX банка во Македонија

2025-11-21 10:47

За современите технолошки решенија и квалитетната понуда обезбедена за клиентите во областа на девизните пазари, Комерцијална банка е избрана за најдобра FX банка во Македонија. Високо признание што го добива по 15. пат и кое ја рангира меѓу водечките финансиски институции од 87 држави...

Трамп ги укинува царините на бразилското кафе, говедско месо, какао и овошје

2025-11-21 10:00

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за укинување на увозните царини за бразилските прехранбени производи, вклучувајќи говедско месо, кафе, какао и овошје, кои се погодени од царини од 40 проценти воведени во јули, соопшти Белата куќа. Наредбата ќе влијае на бразилскиот увоз во...

Биткоин остро паѓа!

2025-11-21 09:37

Биткоин падна на најниското ниво во последните шест месеци, откако инвеститорите почнаа да ја намалуваат изложеноста кон ризични средства поради неизвесноста околу следните потези на американската централна банка. Најпознатата светска криптовалута се спушти на 86.325,81 долари, што е најниска вредност од 21 април. Подоцна цената...

Тешки денови доаѓаат за германската економија: Ќе се намалат речиси 150.000 работни места

2025-11-20 19:12

Германската економија е под зголемен притисок. Поради зголемените трошоци, енергија, работна сила, па дури и бирократија, сè повеќе компании во Германија се принудени да ги затворат своите врати. Компаниите или прогласуваат банкрот или го селат своето производство во странство. Германскиот медиум „Билд“ пишува дека...

Унгарски „Икарус“ испитува терен за отворање погон за автобуси во ТИРЗ

2025-11-20 19:00

Унгарскиот производител на автобуси „Икарус“ разгледува услови за отворање фабрика во Технолошко-индустриските развојни зони. Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, вчера во Скопје разговараше со Тамаш Бенконс од „Икарус“ и како што објавија оттаму, на средбата биле разгледани можностите за развој што ги нудат Македонија...