Проценките за намалување на залихите на САД ја зголемија цената на нафтата над 55 долари

2016-12-21 02:06

Цените на нафтата во вторникот на меѓународните пазари се зголемија над нивото од 55 $ под влијание на проценката за остар пад на американските залихи на сурова нафта, кои можеби укажуваат дека прекумерната понуда почнува да се намалува. На лондонскиот пазар цената на барел во однос...

Доларот ослабе на почетокот на оваа недела

2016-12-20 03:21

На меѓународните валутни пазари доларот во понеделникот ослабе откако инвеститорите одлучија да ја повлечат заработката, откако минатата недела вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна највисоко ниво во последните 14 години. Во однос на јенот се тргува за 117,35 јени, односно пад од...

Пуштени во оптек новите банкноти од 200 и 2000 денари

2016-12-16 01:56

Народна банка ги пушти во оптек новите книжни банкноти во апоени од 200 и 2000 денари, додека ќе ја повлече од употреба банкнотата од 5000 денари. Тоа е прва промена во апоените после период од 20 години. „Ваквата одлука е донесена врз основа на...

НБРМ ја намали каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени на 3,75 проценти

2016-12-14 22:33

На 13 декември 2016 година се одржа редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика....

Доларот стабилен во однос на еврото, благо зајакна во однос на јенот во пресрет на состанокот на ФЕД

2016-12-14 01:02

Доларот во вторникот се задржа стабилен во однос на еврото, додека во однос на јенот благо зајакна во пресрет на состанокот на ФЕД бидејќи повеќето трговци веќе го имаат врачунато во вредноста очекуваното зголемување на клучните каматни стапки во САД. Курсот на еврото во однос на...

Цените на нафтата над 56 $ поради договорот на ОПЕК со независните производители

2016-12-13 04:00

Цените на нафтата во понеделникот на меѓународните пазари скокнаа над нивото од 56 $ откако независните производители и Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), за прв пат од 2001 година, се согласија за заедничко намалување на производството. На лондонскиот пазар цената на нафтата во однос...

Европската централна банка ја прошири олабавената монетарна програма

2016-12-09 02:15

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот на редовната седница одлучи да ја прошири програмата за купување средства до крајот на 2017 година, но го намали месечниот износ до 60 милијарди евра, стои во соопштението од ЕЦБ. Исто така, ЕЦБ ја остави клучна каматна стапка непроменета на рекордно...

Кинеските девизните резерви паднаа на 3.050 милијарди долари, најниско ниво од 2011 година

2016-12-08 02:42

Девизните резерви на Кина во ноември паднаа, петти последователен месец, на 3052 милијарди американски долари, најниско ниво од март 2011 година, поради трошоците на владата, во обид да го запре падот на јуанот во однос на американската валута. Девизните резерви изминатиот месец се намалија за 69,06...

Еврото стабилно во близина на највисокото ниво во последниве три недели

2016-12-07 01:45

Еврото во вторникот на меѓународните пазари остана во близина на највисокото ниво во последниве три недели во однос на доларот, откако во понеделникот беше под притисок поради оставката на италијанскиот премиер Матео Рензи после неуспешниот референдум. Еврото во такви околности се тргува на 1,0781 $,...

Цената на нафтата над 55 долари за прв пат после 16 месеци

2016-12-06 04:29

Цената на нафтата во понеделникот на светските пазари, за прв пат во 16 месеци го надмина нивото од 55 долари за барел, како резултат на раширениот оптимизам кај трговците за намалувањето на прекумерната понуда откако ОПЕК минатата недела одлучи да го намали производството. На лондоскиот пазар цената...