Автопатот Скопје–Блаце ќе чини 191 милион евра, земјиштето до 100 евра за квадрат?

2026-11-27 15:00

Изградбата на автопатот Скопје–Блаце ќе чини 191 милион евра, а подготвителните работи на терен се завршени и започнати се активностите за изградба на петте тунели на трасата. Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, сумата се однесува на договорот за изведба, додека повисоките износи...

Речиси половина од македонската економија се создава во Скопје

2026-11-27 14:00

Речиси половина од економијата на Македонија се создава во Скопскиот регион, а разликата во економскиот придонес меѓу главниот град и останатите региони останува огромна. Скопје учествува со 47,1% во бруто-домашниот производ (БДП), додека Североисточниот регион има удел од само 4,4%, покажуваат најновите прелиминарни податоци...

Димитриеска Кочоска: Новиот закон за финансиски друштва ќе стави крај на готовинските исплати, се ќе мора да оди преку сметки

2026-11-27 13:27

Новиот закон за финансиски друштва е подготвен и поминато е неговото последно читање, а една од предвидените измени е укинување на исплатите и уплатите во готовина, кои ќе треба да се вршат исклучиво преку трансакциски сметки, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Во...

Рајфајзен чекор поблиску до преземање на Аддико Групацијата – пристигна одобрение од БиХ

2026-11-27 12:00

Австриската банкарска групација Raiffeisen Bank International (RBI) е чекор поблиску до преземање на Addiko Bank AG, откако Советот за конкуренција на Босна и Херцеговина ја одобри концентрацијата на пазарот на банкарски услуги во земјата. Одлуката е донесена на седницата одржана на 12 ноември 2026...

ЕИБ досега обезбедила 1,65 милијарди евра за финансирање на 34 проекти во Македонија

2026-11-27 11:00

Европската инвестициска банка (ЕИБ) досега обезбедила финансирање во вкупен износ од 1,65 милијарди евра за 34 проекти во Македонија, со фокус на развојот на инфраструктурата, енергетската сигурност, поддршката на малите и средните претпријатија и зелената транзиција на домашната економија, покажуваат официјалните податоци на банката....

Европската централна банка има нов претседател

2026-11-27 11:00

Лидерите на Европската унија го избраа поранешниот гувернер на Централната банка на Шпанија, Пабло Ернандез де Кос, за претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), на местото на Кристин Лагард, која одлучи предвреме да ја напушти функцијата. Лидерите на 21-те земји-членки на ЕУ што го...

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 60. сесија на Клубот на истражувачите

2026-11-27 10:00

На 18 декември 2026 година (петок), во просториите на Народната банка ќе се одржи 60. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на...

СДСМ: „Финансиската полиција потврди, НБМ не побарала проверки за Алта банка – зошто Обвинителството молчи?“

2026-11-27 09:45

СДСМ преку соопштение обвинува дека македонските институции не преземаат мерки во врска со случајот со „Алта банка“, иако во Србија истрагата се проширува со нови осомничени и апсења. Од партијата велат дека директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, на надзорната расправа во...

„Black Friday“ може да ве остави без пари: Откријте ги трговските финти зад огромните попусти!

2026-11-27 09:04

Црниот петок е идеална можност за многу потрошувачи да купат технологија, облека, обувки, апарати за домаќинство и други производи по поевтини цени. Сепак, зад големите ознаки за попусти и примамливите рекламни пораки низ целиот свет, често стојат добро осмислени стратегии за продажба што ги...

Непречено се одвива откупот на тутунот, досега се купени 1300 тони по 435 денари

2026-11-26 14:00

Откупот на тутунот во земјава се одвива непречено и нема никакви проблеми, ниту забелешки, информираат од  Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Од 10, веќе осум откупни фирми го преземаат родот по цена од 435 денари за килограм, што значи квалитетниот род се цени...