Неделен преглед – И покрај благиот пад, вредноста на доларот и понатаму е висока

2015-11-16 01:23

На меѓународните валутни пазари минатата недела доларот забележа благ пад, но се уште е во близина на рекордно ниво во последните неколку месеци бидејќи се очекува зголемување на каматните стапки во САД до крајот на годината. Девизниот курс на еврото во однос на американската...

Обилната понуда ја задржа цената на нафтата под 45 долари

2015-11-13 20:25

Цената на нафтата на меѓународните пазари се задржа под нивото од 45 долари, под притисок од страна на порастот на залихите во САД и рекордните складирани количини на сурова нафта и рафинирани производи во целиот свет. На лондонскиот пазар цената на нафтата се зголеми...

Изјавата на Марио Драги го спушти еврото под 1,07 долари

2015-11-13 02:19

Девизниот курс на еврото во однос на доларот на меѓународните девизни пазари се спушти под 1,07 $, откако шефот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги, сигнализираше подготвеност на централната банка за понатамошни потези во монетарната политика, предупредувајќи на слабите изгледи за опоравување на инфлацијата...

Цените на нафтата во близина на 47 $

2015-11-12 08:08

Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа во близина до нивото од 47 долари откако податоците од САД повторно покажаа пораст на залихите, а аналитичари истакнуваат дека производство во САД неочекувано е отпорно на ниските цени. На лондонскиот пазар цената на нафта падна за...

Доларот во близина на највисокото ниво во последните седум месеци

2015-11-11 00:58

Доларот на меѓународните пазари благо зајакна во однос на кошницата валути, во близина на највисокото ниво во изминатите седум месеци, пред се поради се поголемите разлики помеѓу приносите на американските и германските државни обврзници, а се очекува и зголемување на каматните стапки во САД во...

Прогнозата на ОПЕК ги зголеми цените на нафтата

2015-11-10 01:14

Цените на нафтата се приближија на нивото од 48 долари, откако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) прогнозира силна глобална побарувачка следната година. На лондонскиот пазар цената на нафтата се зголеми 53 центи во однос на претходното затворање и изнесува 47,95 $. На американскиот...

Неделен преглед – Доларот во однос на еврото на највисоко ниво од април

2015-11-09 00:06

На меѓународните девизните пазари минатата недела доларот зајакна во однос на еврото за повеќе од 2 проценти, откако новите податоците од американскиот пазар на труд ги зголемија шансите ФЕД наскоро да ги зголеми каматните стапки. Девизниот курс на еврото во однос на американската валута...

Најголемата тужба во историјата – нафтени компании знаеле дека тие се виновни за глобалното затоплување

2015-11-07 01:36

Во САД јавниот обвинител на Њујорк Eric Schneiderman започна истрага против американската нафтена компанија Exxon Mobil под сомневање дека компанијата ја лажела јавноста во врска со ризиците поврзани со климатските промени и инвеститорите во врска со начинот на кој овие ризици можеле да го загрозат нафтениот...

Доларот на највисоко ниво во последните три месеци

2015-11-06 01:58

Доларот на светските берзи се искачи на највисоко ниво во последните три месеци, по изјавите на влијателен функционер од ФЕД од кои може да се прочита дека постои можност каматните стапки да се зголемат во декември. Долар индексот се зголеми за дополнителни 0,15 проценти, на 98,135 поени...

ЕЦБ најави олабавување на монетарната политика

2015-11-04 23:36

Претседателот на Европската централна банка Mario Draghi изјави дека тие се подготвени и способни да делуваат користејќи ги сите расположливи инструменти во рамките на својот мандат, како би постигнале стабилност на цените во еврозоната. Сегашната QE програма на ЕЦБ ќе биде преиспитана во декември. После настапот на претседателот...